Тортава специјално е направив за Македонската забава организирана од Македонското друштво Филип втори во Удине(ИТ). Под знамето се криеше посна, лешник, вкусна тортичка.
Подготовка на пандишпанот
Во сад се става водата, шеќерот, ванилата, маслото и со жица се мешаат додека шеќерот се растопи. Се додаваат и другите состојки, брашното, лешниците какаото, пецивото и содата. Повторно убаво се мешаат да се изедначи смесата и да нема грутчиња.
Смесата се истура во намачкан со масло и набрашнет плех (35х27) и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 мин.
На истиот начин се подготвува и вториот пандишпан.

Подготовка на филот
Слатката павлака и карамел преливот претходно мора да се оладени во фрижидер и се матат со миксер додека се добие цврст снег. Потоа се додават лешниците и бисквитите и на кратко се матат да се изедначи филот.
На подлога за торта се става едниот пандишпан и се нанесува целиот фил, се рамни и одозгора се става другиот пандишпан.
Целата торта се премачкува со малку изматена слатка павлака и се украсува со нашето државно знаме направено од црвен и жолт фондан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани