На почетокот од овој рецепт, ја земаме скушата и добро ја чистиме во внатрешноста, за да не остане ништо што може да горчи. Потоа во тава растегнуваме фолија на која ја редиме добро измиената риба, која претходно сме ја зачиниле.
Во внатрешноста на рибата полниме мешавина од лук, рузмарин и магдонос. Попрскуваме цеден лимонов сок и полеваме бело вино. Заборавив да напоменам дека пред да ја поставам скушата на фолијата попрскав маслиново масло. Со истото ја посипувам рибата .
Сецкаме тенки кругови од лимонот и ги нанесуваме околу скушата. Со филот кој ја наполнивме рибата попрскуваме и над неа. Ја виткаме рибата убаво во фолијата и оставаме да се пече на температура од 200 степени околу 30 минути.
Рибата е готова и спремна за сервирање.
Може да биде убав додаток за варени компирчиња. Тоа го оставам на вашиот вкус. На здравје со прекрасниот мирис на скушата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови