1. Сланината се става на плех обложен со хартија за печење. Се премачкува со мешавина од 3 лажици доматно пире, 1 лажица мед и 1 лажичка лут буковец и се пече додека не стане крцкава.

2. Неколку парчиња свеж ѓумбир се пропржуваат кратко во маслиново масло. Во истата тава се додаваат свежите печурки, 1 лажичка сол, 1 лажичка куркума и 1 лажица соја сос и се пропржуваат 5-6 минути.

3. Марулата се мие и се сече а потоа се додаваат печурките и сланината и се заедно се меша.

* За зачинување на салата јас го искористив маслото во коешто ги пржев печурките, а тоа беше полно со вкусови од зачините. Доколку не сакате да го употребите тоа масло можете да прелиете со маслиново масло и оцет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани