Во еден сад ги соединуваме сите состојки за премачкување на корите и оставаме на страна. Сега на листовите блитва им го одстрануваме средишниот, тврд дел, ги миеме и ги бланшираме кратко. Ги оставаме да се процедат. Во еден сад ги соединуваме дробеното сирење, јацето, сол, бибер и исцедената со раце и исецкана блитва. Земаме еден лист кора. Го премачкуваме со 2 лажици од кашичката , па го преклопуваме дијагонално, за да добиеме триаголник. Краевите ги преклопуваме навнатре како на сликата. Земаме сукало, го поставуваме на почетокот на триаголникот и виткаме како ролат, но не до крај, оставаме одприлика 3-4 цм, со цел кога ќе ја завиткаме ружичката да ни биде тоа делче основа каде ќе го ставиме филот. Со покрети на двете раце, ја набираме кората, Ја вадиме од сукалото, па правиме круг, и тоа делче што ни остабна од кората, ни доаѓа во средината. Ставаме по едно лажиче од подготвениот фил. Ги редиме во тава која претходно е премачкана со малку путер. Постапката е иста со сите кори. Со остатокот од кашичката, ги премачкуваме ружичките одозгора, наросуваме сусам и ги печиме во загреана релна на 200 с, околу 25 минути. Ги оставаме на решетка да се изладат, па ги послужуваме.