Многу често се приготвува кај нас дома.
Истовремено е и доста лесен начин да складирате поголема количина од зелката која ви преостанува на крајот од сезоната за зимници. Воопшто не го менува вкусот, туку напротив станува повкусна откако ќе одстои. Ви преостанува само да одмрзнете и ручекот е готов.
Јас понекогаш ја користам оваа смеса за приготвување на пита со зелка.

1. Најпрво оставете ја киселата зелка да се исцеди убаво, а потоа насецкајте ја на парчиња по Ваша желба. Истискајте ја силно со рацете, за да се одстрани секој вишок на течност.
2. Загрејте го маслото убаво и ставете ја исецканата кисела зелка. Пржете околу 5 минути, па додадете ги зачините. Ако има простор посолете, зависно од тоа колку е солена самата зелка. Јас додатното посолување го одбегнувам.
3. Откако ќе забележите дека зелката сосема омлитавела ставете го доматното пире и убаво промешајте.
4. На крај директно во тавата ставете ги јајцата и повторно промешајте убаво. Исклучете го огнот и од самата топлина јајцата ќе се допржат во смесата.

Може да се сервира и топло и ладно!

Сервирајте, складирајте...се според Вашите потреби!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови