Во сад се става просеаното брашно, во средината се прави вдлабнатина во која се става солта и маслото и сето тоа се замесува со млака вода. Тестото се меси додека не стане мазно и хомогено. Се развлекува во кора дебела околу 1 см или малку повеќе и врз неа се мачка омекнатиот маргарин. Потоа кората се превиткува од сите четири краја кон средината во вид на плик. И пликот се мачка и се преклопува во средината. Така добиениот плик се развлекува повторно со сукало и се повторува истата постапка. Вака изработеното тесто се остава во фрижидер да стегне 20 мин и од него повторно се развлекува кора кога се дели на ленти дебели околи 1.5 см. Од оваа доза јас извадив 35 корнети. Пошто немав метални модли за печење на корнетите изработив фишеци од мрсна хартија (јас искористив хартија од филтери за кафемат) и ги обложив со алуминиумска фолија...Убавината е што и тие може да се користат повеќе пати не само за едно печење. Врз исечената кора на ленти наросив сусам и благо поминав со сукалото....Потоа се виткаат корнети. Се печат на 200 степени 15-тина мин.

Во меѓувреме се подготвува салатата за полнење. Се варат компирите, а на тава со малку масло се пропржуваат печурките исечени на поситни парчиња. Кога се изладени се сецкаат ситно и компирите и се додава посен мајонез додека не добиете убава смеса да не е многу густа за да може да поминува низ шприц. Салатата се зачинува по желба (сол, црн пипер, мешан сув зеленчук...).

Салатата се полни во готварски шприц со кружен продолжеток и се полнат корнетите. Се украсуваат со ливчиња магдонос....добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови