Во подлабок сад ставете ги брашното, шеќерот, какаото, пецивото и содата.
Убаво промешајте.
Потоа додајте ги сокот и маслото и пак измешајте.
На крај додајте ги мармаладот, оревите, сувото грозје и ананасот исечен на мали коцки.
Мешајте додека убаво се соедини смесата.
Во округол калап со обрач ставете хартија за печење и истурете ја смесата.
Оставете ја да отстои додека се загрее рерната.
Печете на 200 степени, 30-35 минути зависно од рерната.
Испечениот колач оставте го да се излади, потоа посипете го со шеќер во прав и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани