И така се си учам по некоја новинка, а веднаш сакам да ја споделам со вас. Макар да не ми е скроз ново, ова во нашето детство испод вршник го печеа нашите баби, но со домашно расукани кори, па ќе ги оставеа да се подзасушат, па дури тогаш ќе правеа. Јас бегло го посматрав тоа.
 
Најпро  пригответе го филот
- Јајцата со миксер изматете ги и полека во тенок млаз додадете ја врелата вода, за цело време матејки. Не мора да биде во густина како кога матиме јајца спремајки торти. Додадете го зејтинот, сирењето, пецивото - измешајте. Осолете малку - внимавајте ако сирењето или урдата ви е солена.
Постапка
- Земете една кора, премачкајте со филот, врз неа ставете друга кора и повторно премачкате со филот. Замотајте во ролат, потоа оформете како полжав. Така направете со сите кори.
Од остатокот од филот премачкајте ги одозгора пред самото печење, ако сакате посипете со сусам или друг микс на семиња, а не мора.
- Во малата Ростер тава наредете ги питулиците, внимателно подлијте со 500 мл, млака вода и нека одстои 30 мин. За тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени и ставете да се пече. Печено е кога веќе е се добро заруменети питулиците.
Се служат топли.
Да ви е слатко!

Забелешка
- Не двоумете се околу водата, таа за време на печењето испарува и е една од причините што се дури и наредни два дена меки.
- Доколку не ви достаса од филот за да ги премачате одозгора, како кај мене, додатно со вилушка склапајте едно јајце заедно со неколку лажици кисело млеко, додадете сол и премачкајте. Затоа и велам поголеми да бидат јајцата.
 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани