Идеални палачинки за богат доручек.
Измешајте ги сите состојки за тестото. Водата може да варира, може и 400 мл некогаш да бидат потребни. Тестото не треба да е многу густо. Најдобро пред да ги печите, откако ќе ги измешате состојките, да го оставите да одмори некој час, а и преку ноќ.
Испечете ги палачинките (6). Над секоја најпрво ставете од малдото сирење, парчиња домат и одозгора по едно испржено јајце. Преклопете и сладете се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови