Најдоброто е што можат да се направат и во посна и во мрсна варијанта, но брзо ги снемува.

Водата и шеќерот малку се варат, некоја минутка да се истопи шеќерот на тивко, се додаваат оревите и убаво се изедначува, ванилата се става.
Во друг сад се бие 100 гр. маргарин со 3 лајци шеќер во прав, се меша со оладената смеса од попарен орев и се остава да се зацврстат убаво во фрижидер. Од така ладна смеса со рака се прават форми по желба, горниот дел се потопува во топено чоколадо (на пареа со 2 лажици масло), ако станува збор за посни најгоре на самиот врв се роси малку кокос, јас некои ги декорирав и со бело чоколадо многу, многу добар вкус. Оставете ги на ладно место, најдобро да има провев некој саат после се уште поубави.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови