Освежителна, летна тортичка со вкус на овошен јогурт. Јас ја правев со мешано шумско овошје, а исто така вкусна и декоративна е и само со еден вид на овошје - само јагоди, боровинки, капини.....
1. Орео колачињата се ситнат, им се додава путерот и убаво се мешаат (ако не можете да најдете орео колачиња слободно искористете други полнети колачиња по ваш вкус). Смесата ставете ја во калап, убаво притиснете и израмнете и ставете го калапот во фрижидер додека го подготвувате филот.
2. Пудингот подгответе го со млекото и додадете шеќер по вкус (јас не додадов бидејќи прашакот за пудинг веќе содржеше шеќер). Додадете ја белата чоколада искршена на парчиња и промешајте за да се стопи. Оставете го пудингот да се олади.
3. Додадете го шеќерот во овошјето и ставете го да се повари околу 2-3 мин. Испасирајте го и поминете го низ цедалка за да добиете мазна смеса.
4. Во оладениот пудинг додадете ја павлаката, изматете да се поврзе, па потоа и желатинот подготвен спорд упатството на кесичката.
5. Смесата поделете ја на 4 дела. Еден дел ќе остане бел, а во останатите додавајте од смесата со овошјето за да добиете нијанси по ваш вкус.
6. Потоа врз подлогата со орео колачиња додадете ги смесите една врз друга, почнувајќи од најтемната.
7. Оставете ја тортичката убаво да се олади пред да ја послужите.
8. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови