Ова ми е највкусниот рецепт за лутеница. Го правиме години наназад, а го добив од една другарка уште од средно. Ние не јадиме луто, па везани пиперки не ставаме.
Се печат пиперките, се лупат и се оставаат да се цедат неколку часа. Во машина за мелење се мелат измиените и исушени домати. Најдобро е да се користат индустриски домати,помалку течност имаат. Се ставаат на оган во големо тенџере да се пржат. Пиперките исто се мелат низ машина. Откако ќе испари течноста од доматите, се додаваат пиперките, се пржи околу 15 тина минути и се додава 500мл масло. По 1 час пржење се додава уште 1 литар масло се пропржува уште малку додека не го прими маслото и се додава и останатото масло.
Морковите исчистени и измиени се варат. Откако ќе се сварат се сецкаат на кругови и се додаваат во пиперките и доматите (тоа некаде 45мин пред крајот).Лукот се сецка ситно, исто и магдоносот. Треба да се пржи околу 2 и пол -3 часа(зависи од пиперките и доматите)На крајот се додава лукот, магдоносот, шеќерот, винската киселина и сол по вкус. Дури е жешка лутеницата се собира во стерилизирани и топли тегли се става по 1 лажица во секоја тегла врело масло, убаво се затвораат и се ставаат во рерна на 100 степени 15минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови