Прво подгответе ги јаболките така што ќе ги излупите и израндате и во нив ќе измешате цимет. Ако се многу кисели може да додадете малку шеќер. Ако пуштат јаболките многу вода може малку да ги исцедите,  а и немора со сокот ке ја направат питата по сочна.
Се матат јајцта и шеќерот убаво да се растопи шеќерот, па се додаваат млекото брашното зејтинот и пецивото.Кога се убаво ќе се измати се сипува пола од смесата во намастено тавче малку да се запече да фати коричка. Го вадиме тавчето од релна ги ставаме јаболките убаво распределени низ целото тавче ја сипуваме одозгора останатата смеса и враќаме во релна да се допече уште околу 30 мин на 180 степени.
Кога ќе се олади исечете ја на коцки и посипете ја со шеќер во прав
Овие состојки се за во помало тавче ако сакате да правите во плех треба да ги дуплирате состојките

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови