Десерт кој се подготвува за 5 минути, едноставен а вкусен и освежителен. Идеален е за во топлите летни денови.
Овошјето измијте го и оставете да се исцеди. Подгответе 4 широки теглички со капак или десертни чаши. Сварете го кафето и измерете 50мл. од него. Во длабок сад ставете го маскарпонето, крем сирењето, слатката павлака (нематена), шеќерот и кората од лимон. Кратко изматете со миксер за да се спојат состојките. Во зависност од тоа колкава густина на кремот посакувате, можеби ќе треба да додадете слатка павлака. Во еден длабок сад ставете го кафето и сокот од цреши. Во оваа мешавина натопете ги пишкотите и распоредете ги во тегличките/чашите. По потреба кршете ги за да ги собери во десертните садови. Врз нив ставете од мешавината овошје, со лажица натиснете го малку овошјето, и одозгора ставете од кремот со маскарпоне. Затворете ги тегличките и ставете во фижидер да отстојат 1-2 часа. Пред послужување одозгора наросете со какао.
Добар апетит!