Компирите сварете ги со лушпа, исцедете ја водата, оставете ги малку да се оладат па излупете ги. Потоа исечете ги на покрупни парчиња, исто и јајцата, кромитчињата исечете ги на тенки крукчиња и се ставете во подлабок сад.
Во друг сад измешајте ја павлаката со сенфот, зачинете по вкус и прелијте се преку компирите. Измешајте, зачинете уште ако има потреба и ставете ја салатата да се излади. Потоа послужете ја самостојно или како гарнир за ручек.

Пријатен апетит!

Јас користев млади компири кои немаа лушпа, па тој чекор го прескокнав. Може да ставите и младо лукче ако сте љубител.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани