Многу често на трпеза и во скоро секој дом во земјава верувам дека се компирите, начини има многу можности за вкусови исто така, па овај е мојот начин за печени компири со крцкава надворешност и мека срцевина.

Чистените компири се сечат на погодна големина, онаа вообичаена би рекла како си спремате, во стандарден плех од електричен шпорет се става хартија за печење (т.н. пек папир) се ставаат миени и цедени компирите, се полеваат со масло, се ставаат сите зачини и се мешаат. На оган го топиме путерот во млекото, додаваме масло и со таа течна смеса ги попрскуваме одозгора. Печиме во рерна на 200 некои 45-50 минути, добро да се заруменат, убави се и така самостојно и како прилог со многу видови месо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови