Јајцата ги биеме пенесто со постепено додавање на 100мл.млеко, брашното, маслото, пецивото, 150гр.шеќер и 2 лажици какао.
Тестото го истураме во долго тавче бр.40 обложено со хартија и печиме на 180 степени околу 25-30мин.

Додека се лади колачот го приготвуаваме шербетот од 200гр.шеќер, 300мл.млеко, 1 лажица какао, чоколадото и мешаме додека не се истопат и додаваме 50 гр.маргарин.
Кога ќе го тргниме шербетот од оган го додаваме румот.
Колачот го сечиме на парчиња и секое го натопуваме во шербетот и потоа во кокосово брашно од сите страни.
Еден од моите омилени рецепти, колач што ме потсека на детството.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови