Дојде ред и на познатата Киндер пингвин торта да се проба. Ја гледав
доста често низ интернет па ете и конечно да ја направам.

1. За пандишпанот изматете ги јајцата со 5 лажици шеќер, потоа
додадете го брашното, пецивото, какаото и водата и промешајте со
лажица. Во плех од шпорет ставете хартија за печење и печете го
пандишпанот на 200 С, 20 мин.

2. Ставете го желатинот со 4 лажици ладна вода и оставете го 10мин да
набубри. Во меѓувреме изматете ја слатката павлака. Набабрениот
желатин стопете го на оган и во тенок млаз додавајте го во изматената
слатка павлака и миксајте кратко да се соединат.

3. За глазурата растопете ги сите состојки на пареа или на тивок оган
и оставете малку да се олади.

4. Оладениот пандишпан пресечето го на пола и врз едната половина
нанесете пола од филот, па глазурата. Ставете го во фрижидер малку да
се стегне глазурата, па потоа нанесете ја и втората половина фил и
вториот пандишпан врз неа.

5. За декорацијата тргнав настрана малку од изматената павлака за да
ја покријам тортата и малку од глазурата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови