1. Сувото грозје исчистете го и потопете го во рум да одстои неколку часа или оставете го преку ноќ.
2. Урмите, смоквите, желе бонбоните и оревите насецкајте и мешајте ги во длабок сад. Јас оревите околу 1/4 од количината ги мелам и ги додавам во смесата. Додајте го исцеденото суво грозје и помешајте ја смесата на суво.
3. Бисквитите искршете ги на покрупни парчиња, ставете ги до друг длабок сад, па прелијте ги со топлото млеко и румот, измешајте и оставете ги.
4. Путерот и шеќерот во прав /по ваша желба може да се додаде и ванилфин шеќер или неколку капки екстракт од ванила/, изматете ги во фина мазна крема.
5. Стопете го чоколадото, па додајте го во изматениот путер и измешајте убаво да се сврзе.
6. Сувото овошје и желе бонбоните измешајте ги со бисквитите, додајте ја чоколадата со путерот и убаво помешајте да се добие изедначена смеса.
7. Калапот /јас обични ја ставам во долгнавесто калапче за солен кекс/ наквасете го и прекријте го со прозирна фолија/ ПВЦ/. Смесата за касато торта ставете ја во калапот и убаво испритискајте ја за да се пополни калапот, а во тортата да не останат шуплини. И дното прекријте го со фолија. Калапот ставете го во фрижидер преку ноќ или неколку, околу 4-5 часа во замрзнувач.
8. После тоа, кога тортата е добро изладена и стврдната извадете ја фолијата и превртете ја на чинијата на која што ке ја служите. Отстранетеја фолијата и од по страните.
9. Оваа торта може да ја служите и ништо преку неа, но јас најчесто ја преливам со чоколадо/ бело / и ја посипивам со потпечени и толчени ореви.
Па изборот за преливање и декорација е по ваш избор...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани