Брашното го ставаме во поголем сад за месење, на средината правиме вдлабнатина, ја додаваме солта, шеќерот и претходно припремениот квасец. Го замесуваме тестото со топла вода, да нагласам за водата треба сами да процените колку ке ви треба, јас никогаш не ја мерам, секој пат ставам од око, само тестото треба да е меко замесено. Го оставаме тестото да стаса, 40 минути, го премесуваме, правиме лепчиња големина по желба. Го затоплуваме плехот во кој ќе го печеме лебот, посипуваме по него брашно. Лепчињата ги редиме во плехот и оставаме пак да стасаат околу 30 минути. Ја уклучуваме рерната на 200 степени и печеме 45 минути. Го вадиме лебот и го покриваме со крпа убаво да се задуши за да омекне. Така испеченото лепче уште додека е топло јас сакам да го јадам со пченкарна сол или буковец, кој не пробал досега нека проба.
Драги мои нека ви е на здравје

Лиценца: Сите права се задржани