Најпрво се спремаат карамелизираните ореви. Во подлабок сад на оган се става 100 гр шеќер да се карамелизира. Подобар е карамелот кога шеќерот не се меша туку се додава полека дел по дел и само со благо протресување на садот кај што се топи. Во така истопениот карамел се додаваат 100 гр сецкани ореви. Смесата додека е сеуште топла се истура врз хартија за печење.Брзо се лади и додека е сеуште топла се фирмираат мали топчиња од гријаж.

Во друг сад на страна се составуваат состојките за тестото. Со помош на омекнатиот маргарин (или путер во мрсна верзија) и сокот од портокал се замесува убаво глатко тесто кое може лесно да се обликува. Сокот затоа убаво е да се додава лажица по лажицаза да не се добие многу меко тесто. Од смесата формираме бомбици кои ги развлекуваме на дланката и во нив ставаме од претходно подготвените гријаж топчиња. Од кога бомбиците убаво ќе се стегнат и изладат се топи чоколадо со 5 лажици масло и една по една се чоколадираат

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови