Од кокосот одвојте малку за валкање на готовите бомбици. Останатиот кокос измешајте го заедно со бисквитите, какаото, ванилата и шеќерот во прав. Додадете ги растопениот маргарин, павлаката и млекото (млако). Убаво измесете ја целата смеса и со мокри раце формирајте бомбици во големина по желба. Готовите бомбици валкајте ги во кокос.
Јас ги правев малку поголеми и ми излегоа 30 бомбици, ако се прават помали излегуваат повеќе.
Оргиналниот рецепт е со конденирано млеко ама јас немав во моментот, па ги направив со обично. Ако првите со кондензирано млеко количината на млеко треба да е 400 мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови